На ден 14.05. (петок) во дворот на Музичкото училиште –Битола се одржа интерен час на учениците по виолина од класата на Проф.Оливера Гемту. Оваа година поради пандемијата,наставата се одржувше онлајн,па и покрај сите предизвици ,успеавме да ја спремиме предвидената програма. Се одлучив, целиот нивни труд да биди слушнат,па им организирав едно “мини” снимање во дворот на Музичкото училиште, нормално со почитување на сите протоколи. Овој настан предизвика многу позитивни реакции и кај децата, но и кај родителите и сум особено среќна што успеав и покрај ова време-невреме, да направиме нешто убаво за сите. Снимките се од учениците од основно и тоа:
1.Димитриј Димитровски
2.Ева Пејчиновска
3.Бојана Мешеска
4.Ана Ванчевска
5.Јустина Василевски
6.Софија Врклевска
7.Јована Јосифовска
8.Марија Љондевска
9.Анастасија Змејковска
10.Анастасија Крстевска
11.Бисера Пројкоска
Во нејзината класа се и двајца ученици од средно и тоа Леонардо Димоски кој оваа година се закити со многу награди од меѓународен карактер како и мојата матурантка Галена Чавкоска. За брзо и со нив ќе биди снимен видео материјал.