Визија и мисија

МИСИЈА

Мисија на нашето училиште е преку различни музички активности и содржини да му помогнеме на секое дете, кое го посетува нашето училиште, да го развие својот талент, да го подобри нивото на музичкото знаење со помош на квалитетен и искусен наставен кадар. Сакаме да бидеме во центарот на културните и музичките случувања како во нашиот град така и во регионот и државата и надвор од неа со што придонесуваме за подобрување на квалитетот на животот во нашето општество во целина.

ВИЗИЈА

Музиката е одлично средство за социјализација и придонесува за воспоставување на рамнотежа и чувство на сигурност, како и развој на интелигенцијата кај децата. Нашата цел е на организиран начин да учествуваме во создавањето на ведри и здрави млади луѓе, затоа што музиката го наоѓа патот до сите возрасти и го јакне и оплеменува духот.