Новости

Учество на семинар за саксофони „Saxophobia“

22-27 февруари 2023 год. во Братислава, Словенија се одржа
семинар за саксофони „Saxophobia“ каде учествуваше нашиот
ученик Ѓорѓи Димовски од IV клас, кој веќе осум години учи во
класата по саксофон на проф.Горан Трајковски.
Ученикот имаше можност да го надоградува своето знаење на
мастеркласовите од светски реномирани саксофонисти како Лев
Пупис, Филипе Портажуа и Барбара Штрак-Ханиш, кои се одлични
педагози и вистински виртуози на саксофонот. Нивната
виртуоазност ја покажаа на концертот каде настапија сите
професори, делејќи ја раскошната сцена „Сала на огледалата“ во
Палатата на приматот која датира од XVIII век.
Освен мастеркласовите, учесниците имаа можност заедно да
нстапат со оркестар од 80 саксофонисти. На концертот се изведоа
познати дела од Семјуел Барбер, Астор Пијацола, Бела Барток и
други композитори. Како солист на концертот настапи еден од
организаторите на настанот, Ладислав Фанчовиќ кој свири на
субконтрабас саксофон. Во Европа има само 4 саксофони од овој
вид, а еден е во универзитетот во Братислава.
Семинарот вклучуваше и едукативни работилници за тоа како
треба и колку е битно да се одржува хигиената на инструментот.
Учесниците исто така имаа можност да пробаат инструменти од
различни компании како Селмер, Буфет и Јамаха.
После учеството на ваков настан, по враѓањето во Битола
нашиот ученик сподели дека, освен знаењето и искуството со кое се
стекна, за него се посебно значајни новите пријателства со кои се
стекна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *