Во второто полугодие на учебната 2022/2023 година во нашето
училиште се одржаа шест концерти под заедничко име, “Циклус
меморијални концерти”, во чест на наши еминентни професори
кои зад себе оставиле плејада на уметници кои денес сведочат
за нивната големина како музички педагози.
На концертите учествуваа повеќето ученици од нашето училиште
а со свој придонес за поуспешно реализирање на концертите се
вложи наставниот кадар кој работеше ентузијастички во чест на
своите бивши колеги а своевремено и професори.
Пијано класата одржа концерт во чест на долгогоришната
професорка по пијано, проф.Блашка Трајкова, која својот работен
век го помина како дел од наставниот кадар на ДМУ.
Гудачката класа оддаде почит на двајца професори кои создадоа
бројни виолинисти, проф.Христаки Наумовски и проф.Роска
Блажиќ.
Теоретската класа за втор пат својот меморијален концерт и го
посвети на проф.Снежана Марковска која со своето маркантно
присуство и огромно знаење достојно го претсавуваше нашето
училиште.
Дувачката класа одржа три концерти, најпрво во чест за
проф.Панде Татарчевски, за кого неговите ученици вече неколку
години одржуваат концерти од овој тип. Професорот
Татарчевски, својот работен век го помина во ДМУ создавајќи
уметници кои денес концертираат, се дел од оркестрите во
светот, предаваат а со тоа достојно ја продолжуваат школата за
кларинет која тој им ја остави. Концертот исто така беше во
спомен на проф.Боби Коминовски, кој за жал, прерано трагично
го заврши својот животен пат, па во негова чест исто така се
одржуваа меморијални концерти претходно. Проф.Коминовски
зад себе остави бројни успеси, ученици кои го споменуваат и му
оддаваат почит.
Вториот концерт во организација на дувачка класа беше
концертот во спомен на долгогодишниот професор по флејта,
проф.Панде Талевски кој со својата плодотворна работа постави
здрави темели за школата по флејта во нашето училиште.
Трет концерт во организација на дувачка класа а воедно и
последен од циклусот концерти беше концертот за проф.Пеце
Митревски кој е основоположник на пејачката школа во нашето
училиште а зад себе остави плејада уметници кои се дел од
музичкиот свет на Македонија, како од класичниот жанр на
пеење, така и од естрадната музичка сцена.