Оваа седмица, во Државното музичко училиште од Битола музиката се спои со
театарот. Повод за импресивниот спој на уметностите изразен преку актерските и
музичките способности на учениците од средното училиште, беше проектот на Советот за
превенција од детско престапништво – Стоп за насилство, деликвенција, престапништво,
при Советот за превенција од детско престапништво на Општина Битола, чиј член од оваа
година е и нашето училиште, во групата “Од млади за млади”.
На 3,4 и 5 мај се одржаа три изведби на музичко-театарскиот перформанс во
Концертната сала на новиот објект на училиштето – најпрво премиерната изведба беше
пред учениците и колективот од нашето училиште, потоа пред претставници и ученици од
основните училишта, за на крај да ни гостуваат претставници и ученици од средните
училишта од градот (Гимназијата “Јосип Броз Тито”, Земјоделското училиште ”Кузман
Шапкарев”) како и претставници од МВР, вклучени во истиов проект. На големо
задоволство присутни беа и родители на ученици од нашето училиште.
Медицинското училиште “Д-р Јован Калаузи” се приклучи на нашиот настан на
оригинален начин – дефиле со транспаренти низ центарот на градот, на истата тема, со
моќни пораки до сите, а бидејќи “Од млади за млади” нѐ поврза као училишта и размената
на мислења, идеи, пораки меѓу учениците беше круна на целиот настан.
Темата на проектот беше Превенирање од секаков тип на негативно – општествени
појави во кои младите денес, многу лесно запаѓаат, за жал, во ова време-невреме –
насилство, булинг, злоупотреба на психотропни супстанци и сѐ што е нус појава на
претходно кажаното. Замислата за пренесување на пораката до младите и возрасните
координаторот на нашиот тим во проектот одлучи да биде нестандарден, па благодарение
на ентузијазмот на сите вклучени, пораката беше пренесена со музика, глума на текст
искреиран од сите – музичко-театарски перформанс.
Да се освестиме дека времето треба да ни поминува во креирање, да се почитуваме
– бесполезни се навредите, заканите, насилството! Да ги мотивираме сите млади да го
извадат од себе потенцијалот што го носат, а не да го прокоцкаат на пороци и асоцијални
и девијантни постапки.
Изведбата беше наградена со овации и со големо одушевување од публиката.Со
громогласен аплауз беше награден трудот на талентираните учесници- ученици од сите
четири години на образование : Јове Атанасовски, Бојан Наумовски, Илијана Серафимова,
Симона Ангеловска, Сара Алексоска, Линда Рустемовска, Антонио Костадиноски, Давид
Стојчевски, Јован Ристовски, Андреј Димитријевски, Филип Богески, Никола Талевски,
Димитар Стојковски, Илче Стојановски, Леонид Петрески,Филип Ристевски, Емилија
Богоевска.
Одговорни лица за проектот беа: координаторот-психолог Нина Тасевска, Игор Васевски
– социолог, Денис Алитовски и Билјана Павлова – наставниците по пијано во училиштето
кои безрезервно помогнаа во делот музички избор, подготовка, актерска игра, рекламен
материјал и сугестии за реализација на целиот проект.
Голема благодарност до директорот Кирил Стојчевски кој целосно го поддржа тимот во
цел период на посветена работа а и наставниците кои беа најголема поддршка, во секоја
смисла на зборот.
Соработката и дружбата меѓу учениците е најголемата придобивка од овој настан.
Да твориме, креираме, да се дружиме, да се почитуваме и соработуваме! Можеби нема да
има простор за насилство ако акцентот го ставиме на убавите случувања, вистинските
вредности. Чести собири, дискусии кои често би се случувале и би им дале можност на
сите ученици да се изразат на автентичен начин.