Александар Стефановски

Наставник по флејта

Александар Стефановски е роден во Битола каде го завршува основното и средното образование. Дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Посетува семинари со доста значајни флејтисти Дебост, Графенауер, Симоновиќ, Јовановиќ, Ошавкова, Гавриќ.

Настапува како солист со Македонска Филхармонија, Битолскиот камерен оркестар и како член на ансамблот за современа музика „Алеа“. Член е на триото “Интерарт” со кое има снимено три CD-а. и настапува на “Охридско лето“, “Денови на македонската музика”, “Скопско лето”, “Хераклејски вечери”, “Битолско културно лето”, “Штипско лето”, “Есенски музички свечености”, „Златна лира“, „Интерфест“ Битола, во Украина, Бугарија, Србија, Франција, Италија, Америка, Хрватска, Норвешка, Полска, Турција, Малта.

Трио „Интерарт“:
– 2006 – I награда Diploma d’Onore на “Tornero internacionale di misica”–во Париз, Франција
– 2006 – Наградата „4 Ноември“ Битола
– 2009 – III награда на Интернационалниот натпревар Premio “Citta di Padova” во Падова, Италија

Во својата педагошка активност со своите ученици има освоено голем број државни и меѓународни награди.