Марјан Бакревски

Наставник по кларинет

Марјан Бакревски е роден во Битола каде што заврши основно и средно музичко образование во класата кларинет на проф. Панде Татарчевски. Високото образование го продолжи во Факултетот за Музичка Уметност во Скопје, Бостонскиот Конзерваториум во Бостон, САД а потоа и на магистерски студии во Моцартеум во Салзбур – Австрија, со првиот кларинетист на Виенска и Берлинска Филхаромонија.

Покрај повеќето освоени награди и признанија, како кларинетист има настапувано со Македониска Опера и Балет, Македонска Филхармонија, New England Philharmonic, Charles River Wind Ensemble, k.u.k Regimentskapelle IR4, Kagran Blasmusik, Dorfmusik Strebesdorf и др. Има настапувано на повеќе солистички и камерни концерти во Македонија, Србија, Бугарија, Америка, Австрија, Италија и Германија, но и како солист со оркестарот Скопски Солисти, оркестарот на Факултетот за Музчка Уметност – Скопје и Македонска Филхармонија.

Марјан Бакревски е претставник на кларинетите Royal Global и усниците Gleichweit.

Неколку години е диригент на Битолскиот Дувачки Оркестар. Во моментов работи во Државно Музичко Училиште – Битола.