М-р Маја Митровска
Наставник по соло пеење
Маја Митровска заврши Државно музичко училиште – Битола, во класата на проф.Пеце Митревски. Дипломира и магистрира во класата на д-р Иванка Нинова на НМА ”Панчо Владигеров” во Софија, Р.Бугарија. Настапува како оперка певица и е добитник на повеќе награди.
Има остварено главни улоги во опери, оперети и мјузикли; концертира во земјава и во странство.
Педагошката дејност ја започнува во 2010 год во ДМУ – Битола. Во досегашната работа остварува настава по соло пеење, вокална техника, прима виста, камерна музика и оркестарска литература. Постојано се усовршува со посета на семинари и обуки.
Член е на жири комисија на меѓународни и државни музички натпревари.
Со своите ученици остварува многубројни концерти и проекти, од кои се издвојува мултимедијалниот проект: ”Средношколски бербер”. Нејзините ученици се добитници на бројни државни и меѓународни награди.