Александра Пецакова средното образование го заврши во Државно музичко училиште – Битола, теоретски оддел, а дипломира на Универзитетот “ Св.Кирил и Методиј ”- Факултет за музичка уметност – Скопје. Настапува како корепетитор, како дел од училишните активности и надвор од нив и како професор по теоретски предмети и пијано.
Педагошката дејност ја започнува во 2012 год. во Музичкото училиште “ Илија Николовски Луј ” – Скопје, а од 2014год. ја продолжува во ДМУ – Битола. Во досегашната работа остварува настава по пијано и корепетиција. Постојано се усовршува со посета на семинари и обуки преку себе унапредување. Остварува многубројни концерти и проекти со своите ученици.