М-р Александра Ристовска
Корепетитор и наставник по пијано
Александра Ристовска е родена во Битола. Основно музичко образование заврши во класа пијано на наст. Василка Куновска, а средно музичко образование заврши во класа пијано на проф. Маргарита Татарчевска при ДМУ – Битола. Дипломира и магистрира на вокално инструменталниот отсек при ФМУ – Скопје во класа пијано на проф. м-р Евушка Елезовиќ – Трпкова. Зема учество на државни и меѓународни натпревари со освоени награди и признанија. Школувањето го развива преку разни проекти, семинари и обуки. Концертира како корепетитор и солист во земјата и странство.
Од 2002 г. до денес работи во ДМУ – Битола како корепетитор и професор по пијано.
Остварува бројни државни и меѓународни награди со учениците и како корепетитор.