Ана Попова Трајановска

Наставник по пијано

Проф.м-р. Ана Попова Трајановска заврши средно музичко училиште во МБУЦ “Илија Николовски – Луј” во Скопје во класата на проф. Снежана Анастасова Чадиковска. Дипломира пијано во класата на проф. Јасминка Чакар а магистрира во класата на Проф. Тодор Светиев.

Настапува како пијанист – солист, во повеќе камерни состави и оркестри и е добитник на повеќе награди.

Педагошката дејност ја започнува во 1997год. во МБУЦ- Скопје а потоа во 1998год. во ДМУ- Битола. Предава пијано и има забележителни резултати на натпревари и концерти, со своите ученици. Остварува многубројни концерти и проекти со своите ученици и е редовен член на Камерниот оркестар на Битола со кого настапува во земјата и во странство.

Постојано се усовршува со посета на семинари и обуки.