М-р Билјана Димовска
Наставник по пијано
Во 2000 год. дипломира, а во 2003 год. магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професор м-р Тодор Светиев.
Настапувала на повеќе значајни манифестации во нашата земја: “Денови на македонската музика”, “Скопско лето”, “Битолско културно лето” „Хераклејски вечери“, “Прилепско лето”, “Денови на полската култура во Македонија”, „Музички вторник“, “Златна лира” и „Интерфест“ Битола.
Добитник е на повеќе државни и меѓународни награди.
Настапувала како солист со Македонската филхармонија и со Симфонискиот оркестар при Факултет за музичка уметност.
Настапувала како камерен музичар со саксофонистот Боби Коминовски.
Исто така е дел од дуо пијано Билјана Димовска – Татјана Божиновска, кое делува повеќе години, а во 2013 имаат издадено заедничко ЦД.
Учествувала на повеќе семинари и мастеркласи кај еминентни светски пијанисти.
Педагошката дејност ја започнува во 2000 год. во ДМУ- Битола, а нејзините ученици се добитници на бројни државни и меѓународни награди.