Вангел Мажевски
Наставник по солфеж, познавање на инструменти, историја на музика и композиција
Проф. Вангел Мажевски е роден на 1986, во Битола каде завршува Средното музичко образование. По завршувањето на средното училиште, заминува во Салцбург каде што ги положи приемните испити по композиција во Моцартовиот Конзерваториум од каде поради оправдани причини се врати во Македонија. После две годишна пауза го продолжува високото образование на Универзитетот св. „Кирил и Методиј“ – ФМУ во Скопје, отсек музичка теорија и педагогија. 2011 се запиша на магистерски студии по предметот “Хармонија со хармонска анализа” под менторство на Живоин Глишиќ. Во 2012 година започна со професорска дејност по теоретско стручни предмети во ДМУ „Тодор Скаловски – Тетоец“, а од 2013 година во ДМУ – Битола како професор по хармонија, композиција и пијано. Во 2015 година запишува додипломски студии на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје во областа Оркестарско диригирање кај професорот Саша Николовски – Ѓумар.
2012 год. е основоположник на составот Џез Сценарио како уметнички раководител, композитор, аранжер и пијанист.