Вера Поповска
Наставник по пијано
Вера Поповска е родена во Битола, каде го завршува Средното музичко училиште во класата на проф. Маргарита Татарчевска. Подолг период работи под менторство на проф. Милица Шперович –Рибарски. Дипломира на одделот по пијано на ФМУ- Скопје во класата на проф. Стела Слејанска. Во текот на нејзиното образование настапувала на голем број концерти, семинари и натпревари. Добитник е на повеќе државни и меѓународни награди по пијано, камерна музика и солфеж. Била активен учесник на мастеркласите кај врвните пијанисти и педагози: Павел Егоров , Акилес дел Вињ, Андреј Диев, Марко Абрицио, Данг Таи Шон и др. Од 2009 година започнува со педагошката работа во Државното музичко училиште во Битола како професор по пијано и музички соработник. Нејзините ученици покажуваат значајни успеси на домашните и странските натпревари и фестивали.
Во моментов предава пијано, прима виста, камерна музика и ги привршува постдипломските студии по пијано-соло интерпретација.