Весна Бошкова

Наставник по пијано

Весна Бошкова на 8-годишна возраст се запишува во ДМУ – Битола и завршува средно образование во класата на проф.Маргарита Татарчевска. Својата надоградба ја продолжува на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата м-р Тодор Светиев. За време на своето школување учествува на повеќе државни и меѓународни натпревари и конкурси и е добитник на бројни награди и признанија.

Педагошката дејност ја започнува веднаш после дипломирањето во 2006 год. во ДМУ – Битола. Во досегашната работа остварува настава по пијано како професор во средното и основното образование, но и како музички сораборник. Наставата ја пренесува на македонски јазик. Постојано се надградува со посета на семинари и обуки. Настапува како солист на Интерфест – Битола, Денови на Македонската Музика, Бит – фест и тн, но и како музички сораборник – корепетитор со повеќе уметници од нашата земја.