Проф. Весна Милевска (1982) е родена во Битола. Средно музичко училиште (отсек пијано) завршува во класата на професор Цветанка Јовевска. Образованието го продолжува на Факултетот за музички уметности – Скопје каде дипломира пијано во класата на проф. м-р Милица Шперович Рибарски.Во текот на своето школување учествува на повеќе семинари кај еминентни пијанисти и педагози, а настапува на повеќе натпревари и концерти како солист, но и како дел од камерни состави.
Од 2007 е вработена како редовен професор по пијано во Државното музичко училиште- Битола. Организира концерти на својата класа и учествува на натпревари со ученици. Постојано се усовршува со посета на семинари и обуки.