Денис Алитовски
Наставник по пијано
Денис Алитовски заврши Државно музичко училиште – Битола во 2007 година. Дипломира на Факултетот за музичка уметност – Скопје на отсекот Музичка теорија и педагогија.
Како солист ги одигра главните тенорски улоги во мјузиклот: “The Opera House”, според “Фантом од операта; и во танго операта “Марија од Буенос Аирес”, со кои учествувал на Бит фест.
Повеќегодишен член е на хорот “Мелодиум”, и хорот при словенечкото друштво “Триглав”.
Педагошката дејност ја започнува во 2015 година во ДМУ – Битола како професор по пијано. Постојано се усовршува со посета на семинари и обуки. Активно учествува во сите училишните проекти.
Наставата ја пренесува на македонски јазик, течно зборува и англиски јазик.