М-р Гордана Трајковска
Наставник по солфеж
Основно и средно музичко образование завршува во Државно музичко училиште- Битола, отсек музичар – теоретичар – педагог.
Дипломира на Факултетот за музичка уметност – Скопје, на отсек, музичар теоретичар – педагог.
Педагошката дејност ја започнува 1992 год. во основното музичко училиште како професор по солфеж и клавир.
Од 2009 год. е вработена во средното музичко училиште како професор по солфеж.
Во 2012 год. завршува постдипломски студии и се стекнува со стручен назив магистер по методика на наставата по музичко образование.
Со ученици по солфеж освојува многубројни награди на државно и меѓународно ниво.
Учествувала на повеќе семинари во својство на учесник и тоа од областа на образованието.
Од 2001 год. е активен член во жири- комисија по предметот Солфеж прво во основното, потоа во средното музичко училиште на државни и меѓународни натпревари.