Јулијана Проја Димовски
Наставник по солфеж и теорија на музика
Средно музичко образование завршува 2005год. во Државно музичко училиште- Битола, отсек музичар – теоретичар.
Дипломира на Факултетот за музичка уметност – Скопје, отсек дипломиран музичар теоретичар – педагог.
Педагошката дејност ја започнува 2009 год. во Средното музичко училиште во Битола како професор по Подготовка за водење оркестар и пијано.
Од 2015 год. е вработена во Основното музичко училиште како професор по Солфеж и Теорија на музика.
Со ученици по солфеж и теорија на музика освојува многубројни награди на државно и меѓународно ниво.
Од 2015 год. е член во жири- комисија по предметот Солфеж и Теорија на музика, како во основното училиште, така и на државните натпревари.
Учествува на повеќе семинари во својство на учесник и тоа од областа на образованието. Магистрант е на Факултетот за Социјална психологија на тема музикотерапија.