М-р Маја Божиновска

Наставник по пијано


Маја Божиновска (1993) својата музичка наобразба ја започнува во Државното музичко училиште во Битола. Дипломира на ФМУ – Скопје во класата на проф. м-р Тодор Светиев, а од 2015 година остварува соработка со реномираната пијанистка Лилја Зилберштајн на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Виена, под чие менторство запишува магистерски студии и ги заокружува во 2017 година. Својата професионална кариера ја гради како солист, но и како уметнички соработник и член во камерни состави и оркестри на разни фестивали ширум земјата и странство. Уметничкиот израз го надградува на многу натпревари и мастеркласи со светски познати пијанисти. Добитник е на многу награди и признанија.

Нејзината педагошка работа опфаќа настава по пијано, прима виста, камерна музика и корепетиција. Како професор во Државното музичко училиште- Битола остварува значајни резултати со своите ученици на многубројни натпревари во и надвор од државата.

Наставата ја пренесува на македонски јазик.