М-р. Марија Шамоска Буџаковски

Наставник по пијано

М-р. Марија Шамоска Буџаковски завршила музичко училиште во ДМУ – Битола во класата на проф. Василка Куновска и м-р Ана Стефановска. Продолжува на студии на факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на м-р Милица Шперовиќ – Рибарски во чија класа дипломира и магистрира. Учествувала на семинари од познати пијанисти и освоила повеќе државни и меѓународни награди. Концертира во земјава и странство во склоп на пијано трио, организатор е на меѓународниот натпревар по пијано “Пијанофест” и има предавано на семинари организирани од образовни и културни институции.

Нејзината педагошка дејност започнува во 2006год. во ДМУ-Битола како професор по пијано. Реализира и настава по корепетиција, прима виста и камерна музика. На бројни натпревари, нејзини ученици освоиле високи награди и признанија. Учествува во проекти, конференции и мастеркласи, со што се усовршува на полето на педагошката и пијанистичката дејност.

Наставата ја реализира на македонски јазик, течно зборува англиски, а има познавање и од француски јазик.