Наташа Цвијановиќ

Наставник по пијано

Наташа Цвијановиќ (1983) е родена во Битола. Своето музичко образование го започнала на четири години, по иницијатива на нејзиниот татко, познатиот битолски музички педагог и професор по флејта, Кирил Петков.

Основно и средно музичко училиште завршила во класата на проф. Ана Стефановска.
Дипломирала пијано на ДМА- “Проф.Панчо Владигеров”-Софија-Р.Бугарија, како стипендист во класата на проф.Елена Дикова каде често имала часови со нејзиниот татко, врвниот проф.Антон Диков.

Во текот на школувањето соработувала со камерни состави,учествувала на многу концерти и манифестации (“Хераклејски вечери”, “Музички вторник” и др.), освоила повеќе државни и меѓународни награди по пијано.

Активно учествувала на многу мастеркласи кај еминентни пијанисти и музички педагози :
Марчела Крудели, Андреј Диев, Арбо Валдма, Антон Диков ….

Од 2012 год. е вработена како професор по пијано во ДМУ -Битола.

Постојсно се усовршува посетувајќи обуки и семинари.

Нејзините ученици учествуваат на многу концерти и манифестации и имаат освоено голем број државни и меѓународни награди.