Д-р Татјана Божиновска
Наставник по пијано
Во 2002 год. дипломира, во 2005 год. магистрира во класата на проф. м-р Тодор Светиев, а во 2014 год. ги завршува и Докторските студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје под менторство на проф. м-р Тодор Светиев и проф. д-р Димитрије Бужаровски.
Како солист и камерен музичар има настапувано на повеќе манифестации: „Охридско лето“, „Денови на македонската музика”, „Скопско лето”, „Битолско културно лето”, „Есенски музички свечености”, „Денови на полската култура во Македонија”, „Златна лира“, „Интерфест“ – Битола, како и во Бугарија, Романија, Франција, Италија, Америка, Хрватска, Австрија, Норвешка, Полска, Турција, Малта…
Има настапено како солист со Македонската филхармонија и со Битолскиот камерен оркестар.
Добитник е на повеќе државни и меѓународни награди.
Педагошката дејност ја започнува во 2002 год. во ДМУ – Битола. Нејзините ученици се добитници на бројни државни и меѓународни награди.
Наставата ја изведува на македонски јазик, течно зборува англиски и руски.