Цветанка Георгиева

Наставник по пијано

Проф.Цветанка Георгиева заврши ДМУ – Битола, инструментален отсек-пијано во класата на проф. Маргарита Татарчевска. Дипломира на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, отсек-пијано при проф. Лепша Пиперковска.

Педагошката дејност ја започнува 1994 год во ДМУ-Битола. Во досегашната работа остварува настава како професор по пијано и прима виста. Во периодот од 1994-98г. работи и како музички соработник на класите – флејта, кларинет, труба и удирачки инструменти. Учествува во “Проектот за менторство на учениците-Роми од приватните и државните училишта на СРМ“ како Ментор на ученици од ДМУ.

Постојано професионално се усовршува со посета на семинари и обуки. Остварува многубројни концерти и проекти со учениците како “Шопенова вечер“. Ученици се добитници на бројни државни и меѓународни награди. Наставата ја пренесува на македонски јазик.

Учесник е на “Проектот за модернизација на образованието“ од МОН на СРМ и истовремено е администратор на ЕСАРУ и Е-дневникот во нашето училиште.