Кирил Стојчевски

ДИРЕКТОР

Проф. Кирил Стојчевски – е роден 12.05 1977 год. во Битола.

Основно образование, како и основно музичко училиште завршил во Битола.
 
Средно музичко училиште завршил во Државно музичко училиште – Битола на инструменталниот отсек, инструмент – виолончело. Студира на Факултетот за музичка уметност во Скопје на одделот за Етномузикологија. Од 1997 работи како хонорарен професор а од 1999 како редовен професор по музичко теоретски предмети во Државно музичко училиште – Битола.
 
Учевствува на повеќе натпревари кало ментор и член на жири комисии. Својата музичка кариера ја збогатува и со компонирање и аранжирање на музика како и интерпретација на хармоника и повеќе други инструменти. Исто така е организатор и уметнички раководител на фестивалот “Хармониките” и член на ЗАМП со заштитени преку 50 авторски композиции oд различен жанр.
Соработува со познати уметници од државата и надвор од неа. Директор е на Државно музичко училиште – Битола од јуни 2022 година.