ОСНОВНО
МУЗИЧКО
ОБРАЗОВАНИЕ

Основното музичко образование за инструментите пијано, виолина и виолончело трае 9 години. Учениците кои ќе ги изучуваат овие инструменти се запишуваат на шест годишна возраст, а додека пак учениците кои се вклучуваат на поголема возраст (во погорно одделение) се обврзни да полагаат испит според наставните програми до одделението до кое што се вклучуваат и нивното основно образование не смее да е пократко од шест години.

– Основното музичко образование за инструментите: класична гитара, кларинет, саксофон, флејта, обоа, труба, тромбон, хорна, ударачки инструменти и хармоника трае 6 години. Учениците кои ќе ги изучуваат овие инструменти се запишуваат на девет годишна возрат, а додека пак учениците кои се вклучуваат на поголема возраст (во погорно одделение) се обврзни да полагаат испит според наставните програми до одделението до кое што се вклучуваат и нивното основно образование не сме да пократко од четири години.

– Основното музичко образование за инструментите: контрабас и фагот трае 3 години. Учениците кои ќе ги изучуваат овие инструменти се запишуваат на единаесет годишна возрат.

– Основното музичко образование за пеење трае 3 години. Учениците кои ќе го изучуваат овој инструмент се запишуваат на единаесет годишна возраст.