Запишување на ученици во
основно музичко образование

Основното музичко образование за инструментите Пијано, Виолина (Виола) и Виолончело трае 9 години. Учениците кои ќе ги изучуваат овие инструменти се запишуваат со запишување во прво одделение во редовното основно образование. Исто така, основното музичко образование за наведенете инструменти може да трае и помалку години , доколку учениците се вклучуваат во погорните одделенија, но не покасно од  трето одделение. Тие ученици се обврзани да полагаат испит според наставните програми до одделението до кое што се вклучуваат за што им се издава соодветен документ, согласно со закон. Основното образование на овие ученици не смее да биде пократко од шест години.

Основното музичко образование за инструментите: класична гитара, кларинет, саксофон, флејта, обоа, труба, хорна, ударачки инструменти, хармоника и традиционални инструменти трае 6 години. Учениците кои ќе ги изучуваат овие инструменти се запишуваат со запишување во трето одделение во редовното основно образование.              Исто така, основното музичко образование за наведенете инструменти може да трае и помалку години, доколку учениците се вклучуваат во погорните одделенија, но не покасно од  трето одделение. Тие ученици се обврзани да полагаат испит според наставните програми до одделението до кое што се вклучуваат за што им се издава соодветен документ, согласно со закон. Основното образование на овие ученици не смее да биде пократко од четири години.

  • Основното музичко образование за инструментите: контрабас, тромбон и фагот трае 3 години. Учениците кои ќе ги изучуваат овие инструменти се запишуваат со завршување на шесто одделение во редовното основно образование.
  • Основното музичко образование за пеење трае 3 години. Учениците кои ќе изучуваат пеење се запишуваат со завршување на шесто одделение во редовното основно образование.

Основното музичко образование е паралелна форма на образование и не е задолжително.

 

Запишување на ученици во средно музичко образование

Во средното музичко образование учениците во прва година се запишуваат во два образовни профили: „Музичар теоретичар“ и „Музичар изведувач“. Условите, потребните документи и конкурсните рокови за запишување на учениците се утврдуваат со конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта во Република Северна Македонија што го распишува Министерството за образование и наука.

Средното музичко образование е задолжително образование.