Лилјана Трајковска Димевски

Наставник по диригирање и хор

Проф. Лилјана Трајковска Димевски заврши Државно музичко училиште –  Битола во теоретскиот оддел. Дипломира  во класата на проф.диригент Саша Ѓумар на Факултетот за музичка уметност во Скопје на одделот хорско диригирање.

Педагошката дејност ја започнува во 2007 год. во ДМУ- Битола како професор по хор, но остварува настава и по диригирање, познавање  хорска литература, свирење хорска литература и подготовка за водење оркестар. Остварува многубројни концерти и проекти со своите ученици, настапува и освојува награди на натпревари со хорот при училиштето.

Во 2007 год. го оформува мешаниот професионален камерен хор “BUTELION CLASSICS CHORUS”со кој настапува во и надвор од границите на нашата држава, а земаат учество на повеќе проекти  организирани во општинските национални установи.