М-р Маја Марјановиќ Јовановска

Наставник по италијански јазик

Проф.м-р Маја Марјановиќ Јовановска е родена во 1983 година во Битола. Завршува дипломски студии по италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, а потоа магистрира на Менаџмент на човечки ресурси на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје.

По завршувањето на дипломските студии продолжува со свое понатамошно усовршување по италијански јазик на универзитетот Данте Алигери во Реџо ди Калабрија, Италија. Во исто време станува и овластен судски преведувач од италијански јазик. Понатаму преку обуки и курсеви ги проширува своите познавања за односи со јавност, деловна комуникација, современи методи во наставата, меѓуетничка интеграција во образованието, а редовно ги следи и семинарите за наставници по италијански јазик организирани од страна на Институтот Данте Алигери од Скопје и Амбасадата на Република Италија во Македонија.

Од 2010 година работи како професор по италијански јазик во Државното средно музичко училиште во Битола. Покрај италијански одлично зборува и англиски и српско-хрватски јазик.