Сузана Петкоска
Наставник по француски јазик и книжевност
Сузана Петкоска заврши гимназија „Мирче Ацев” – во Прилеп. Дипломира на Филолошкиот Факултет – француски јазик и книжевност во Скопје.
Има посетено многубројни семинари и обуки како и учество во проекти организирани од Францускиот институт, БРО, летни универзитети организирани од Француската амбасада.
Била на усовршување во Франција, 2000 год. во Монпелие, и 2002 год. Безансон како стипендист на Француската амбасада.
Педагошката дејност ја започнува во 1989 год во ОУ„Климент Охридски”- Македонски Брод, потоа има работено во СОУ„ Наум Наумовски “ Борче , ОУ„ Никола Карев “ –Крушево, ОУ „Славко Лумбарковски “ – Новаци , ОУ „Браќа Миладиновци “- Добрушево, ОУ„ Кирил и Методиј” и „ Гоце Делчев” – Битола.
Учествува на натпревари како ментор на ученици – добитници на државни награди.
Сега работи во СОУ “Таки ДАскало” Битола и Државно музичко училиште-Битола.