Новости

Менталното здравје кај младите – сега е моментот

На 21.09.2021 год. во хотел Епинал а во соработка со здружението Младите можат од Скопје, се одржа средба, конференција на која темата беше ”Менталното здравје кај младите – сега е моментот” на која присуствуваше нашата стручна служба-Нина Тасевска-психолог и Игор Васевски-социолог како и група на ученици, наставници, психолози, педагози и родители од градот и пошироко. Се дискутираше за подобрување на стратегијата за поддршка и грижа за менталното здравје кај учениците,зголемување на свесноста за оваа тема кај сите, како и потребната помош и соработка на родителите, наставниците, службата во училиштата, како и сите соодветни образовни институции.Забелешките од истата треба да се достават до МОН за евентуални промени во иднина во концептот за зачувување на менталното здравје кај учениците, а и младите воопшто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *