На 22ри февруари, во прекрасниот амбиент на КИЦ Офицерски дом – Битола, се одржа
концерт по повод 76 годишнината од постоењето на нашето училиште. Овој пат честа за
одбележувањето на годишнината им припадна на професорите од Државното музичко
училиште, кои со своите музички изведби уште еднаш го потврдија квалитетот на нашето
училиште. Преполната сала зборуваше за големиот интерес за овој настан. Подршка од
публиката ни дадоа нашите бивши колеги кои работниот век го поминале точно во ова
училиште; нашите сегашни колеги, ученици; колегите од прилепското музичко училиште
„Ордан Михајлоски – Оцка", како и нашата верна битолска публика.
На концертот настапија:
Оливера Гемту – виолина
Александар Грујовски – пијано и хармоника
Валентин Наумов – виолина
Верица Дивитарова – пијано
Горјана Стојановска – пијано
Кирил Мулоски – ударни инструменти
Маја Митровска – сопран
Јана Четелева Белевска – пијано
Татјана Божиновска – пијано
Билјана Димоска – пијано
Игор Милевски – виолина
Марина Коруновска – мецосопран
Александра Ристовска – пијано
Никола Баљаревски – контрабас
Никола Трајановски – виолина
Методија Мешкоски – кахон
Хор – составен од професори, стручна и помошна служба на нашето училиште, диригент,
Лилјана Трајковска Дамевски
Програмата ја водеше ученичката од III клас, Јана Блажевска.