Александар Талевски
Наставник по стручно теоретски предмети
Проф. Александар Талевски заврши средно Државно Музичко Училиште во Битола. Дипломира во класата на проф. Александар Пумпалов и проф.Цветан Неделков на НМА “Панчо Владигеров” во Софија Р.Бугарија.
Педагошката дејност ја започнува во 2009 год. во Државно Музичко Училиште – Битола како професор по гитара, камерна музика и предметот џез и популарна музика. Постојано се усовршува и посетува обуки и семинари. Со неговите ученици освојува многубројни државни и меѓународни награди. Александар зема учество и во неколку театарски претстави на Народниот театар Битола, Интимниот театар-Битола, целовечерен концерт во рамките на Битфест 2013 година, долгогодишен член на професионалниот мешан хор “Бутелион класик хорус”.
Бележи многубројни концерти со Битолскиот камерен оркестар и во останати многубројни проекти за допринос во музичката култура.