Бојан Гажоски

Наставник по класична гитара

Проф. Бојан Гажоски e роден 1991 година. Со музика се занимава од 12 годишна возраст.

Средно образование завршува во ДМУ “Илија Николовски – Луј” во Скопје, во класата на проф. Јане Пенов. Дипломира на ФМУ во Скопје во класата на проф. Тања Јанкова. Има присуствувано на повеќе семинари за класична гитара каде има одржано мастер часови со проф. Срџан Тошиќ, проф. Весна Петковиќ, проф. Дарко Багевски, проф. Борче Наумоски, проф.Дејан Ивановиќ.

Има одржано неколку настани од кои најзначаен е “Солисти на ФМУ” каде настапува камерниот оркестарот. Има освоено III државна награда во 2010 год. во Скопје, III награда во Лесковац 2013 год. и II награда на државниот натпревар за гитара во 2013 година, Скопје. Од 2014 година е професор во Државно музичко училиште – Битола каде предава класична гитара.

Исто така е творец и директорт на фестивалот за класична гитара “Guitar Fest Krusevo 2018” и “Денови на класична гитара – Крушево 2020”.