Игор Милевски

Наставник по пијано

Игор Милевски е роден 1991 гoдина во Битола. Основно и средно музичко училиште, завршува во ДМУ Битола во класа на проф. Зоран Маневски, виолина.

Дипломира виолина на ФМУ Скопје во класа проф.м-р Љубиша Кировски.

Солист е на БКО, Оркестарот ФМУ, Македонската филхарманоја, Ревиски оркестар МРТ, концертмајстор на ФМУ, Заменик концертмајстор на Европски орекстар CEI, член на Дубровнички симфониски оркестар во Италија. Во Швајцарија настапува пред светски познатите Maxim Vengerov и Zahar Bron. Го предводи триото при свеченостите на претседателскиот кабинет на Македонија.

Добитник е на први државни, интернационални награди за виолина. Bo Италија добива сертификат од светскиот виолинист Uto Ughi. На Универзитетот „Мартин Лутер“ Хале, Германија добива европски сертификат.

Посетил мастерклас во Минхен, Ноебоург од професорот на Виенскиот конзерваториум, Николас Коекерт.

Избран е во оркестарот на светскиот диригент Рикардо Мути, со музичари од Виенската, Чикаго, Берлинската филхармонија, Санкт Петербург и Филхармонија на Франција.

Во моментов работи како професор по пијано во ДМу – Битола.

Педагошката дејност ја започнува во 2009 год. во Државно Музичко Училиште – Битола како професор по гитара, камерна музика и предметот џез и популарна музика. Постојано се усовршува и посетува обуки и семинари. Со неговите ученици освојува многубројни државни и меѓународни награди. Александар зема учество и во неколку театарски претстави на Народниот театар Битола, Интимниот театар-Битола, целовечерен концерт во рамките на Битфест 2013 година, долгогодишен член на професионалниот мешан хор “Бутелион класик хорус”.

Бележи многубројни концерти со Битолскиот камерен оркестар и во останати многубројни проекти за допринос во музичката култура.