Панде Тунтевски
Наставник по виолончело
Панде Тунтевски е роден 1959 год. во Ресен. Завршил Факултет за музичка уметност – професор по виолончело. Има 32 годишно работно искуство во настава. Учествува со ученици на државни натпревари каде освојува специјални, први и втори награди. Неговите ученици се учесници на Interlochen, Centre for the Arts Camp, Мичиген, САД (четири полни стипендии во летен камп). Негов ученик учествува Европски оркестар (Италија и Чешка). Реализира успешна работа со ученици кои дипломирале на ФМУ Скопје, докторирале или магистрирале (еден докторант на Butler University, IN, тројца магистранти на ФМУ Скопје). Двајца негови ученици се водачи на симфониски оркестри (Дубровник и Осиек, Р. Хрватска).
Учествува во проекти преку Министерство за за образование, координатор е на проектот Пијано рефлексија на европската култура. Учествува во заеднички проект во соработка со амбасада на Република Полска, Мали грантови (Polska pomoc).
Член е на жири комисии на државни натпревари, член е на друштво на музички педагози, член на комисии за изготвување на програми.