Тања Котевска

Наставник по виолина

Проф. Тања Котевска е родена во Битола. Своето основно и средно образование го завршила во Музичкото Училиште- Битола во класата на проф. Зоран Маневски. Дипломира виолина на Факултетот за музичка уметност – Скопје, во класата на проф. Михајло Куфојанакис.

Во текот на својата кариера учествува во голем број оркестри и ансамбли во Македонија, изведувајќи камерна, симфониска и театарска музика. Подолг временски период поминаува во странство, по што одлучи да се врати во Македонија и да ги пренесе своите искуства.

Вработена е во Државното музичко училиште – Битола и со своите ученици учествува на голем број локални, регионални и државни натпревари.

Во секојдневната работа како наставник гледа можност за пренесување на сопственото гледиште за значењето на музиката не како посебна гранка на уметноста, туку како нераскинлив дел од креативната потреба на човекот без разлика на медиумот кој го користи.