ГУДАЧКА КЛАСА

Шеф на класа

наставник по контрабас, камерна музика, прима виста

Заврши ДМУ – Битола, во класата на проф. Велко Тодевски. Дипломира и магистрира во класите на проф. Георги Велков и доц. Цветомир Лазаров на НМА „Панчо Владигеров“ во Софија.

наставник по гитара и џез и популарна музика

Проф. Александар Талевски заврши средно Државно Музичко Училиште во Битола. Дипломира во класата на проф. Александар Пумпалов и проф.Цветан Неделков на НМА “Панчо Владигеров” во Софија Р.Бугарија.

наставник

Андреј Ѓоршевски е роден на 15.08.2000г. во Скопје. Завршува основно и
средно образование на отсек гитара во класа на проф. Ади Имери во
музичкото училиште ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“ – Скопје. 

наставник
по виолина

Роден во 1976 год. во Битола, каде го завршил основното и средно музичко училиште, отсек-виолина во класата на проф. Зоран Маневски. Настапува како солист со камерниот гудачки оркестар.

наставник
по виолина

Заврши Државно Музичко училиште – Битола  во класите на проф.Христина Трајановска и проф.Зоран Маневски. Дипломира во класата на проф.Михајло Куфојанакис

наставник
по виолина

Роден во Титов Велес каде го започнува музичкото образование. Како стипендист на Македонската филхармонија е вработен во 1986 во истата, а од 1988 работи како професор по виолина во Музичкото училиште во Битола.

наставник по
виолина

Основно и средно музичко училиште, завршува во ДМУ Битола во класа на проф.Зоран Маневски, виолина. Дипломира виолина на ФМУ Скопје во класа проф. м-р Љубиша Кировски


наставник по
виолончело

Зисо Пуровски е роден 1975 година во Битола.
Средно образование завршил 1994 г во средното музичко училиште во Битола.
Факултет за музичка уметност завршил во 1998 година во Скопје , а магистерски студии завршил во 2003 г .


наставник по
виолина

Основното и средното музичко образование го завршил во Државното Музичко Училиште во Битола. Дипломирал на “Факултет за музичка уметност”- Скопје 2000 год.

наставник по
виолина

Своето основно и средно образование го завршила во Музичкото Училиште- Битолаво класата на проф. Зоран Маневски. Дипломира виолина на Факултетот за музичка уметност- Скопје.

наставник
по виолина

Завршил основно и средно музичко училиште  во Битола во класата на наст. Христина Трајановска и проф.Зоран Маневски.

наставник по
виола, камерна музика и оркестар

Заврши средно музичко училиште во ДМУ – Битола во класата на Проф. Зоран Маневски и Проф Љупчо Соколов. Дипломира виола во класата на проф. Љубомир Господинов на ФМУ – Скопје. Настапува како виолист – солист, во повеќе камерни состави и оркестри и е добитник на повеќе награди.