КЛАСА ПИЈАНО
ШЕФ НА КЛАСА
наставник
по пијано
Го започна своето музичко образование во ДМУ – Битола, во класата на Маргарита Татарчевска. Дипломира на НМА”Панчо Владигеров”, Софија, во класата на Елена Дикова. Магистерските студии ги завршува со целосна стипендија во Америка во класата на Светозар Иванов.
наставник по пијано, музичка теорија и педагогија
Завршил Државно музичко училиште – Битола на отсекот музичка теорија и педагогија. Носител е на две дипломи: диплома на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот за музичка теорија и педагогија и диплома на Факултетот за музичка уметност во Штип на отсекот по пијано во класата на проф. д-р Милица Шкариќ.
наставник по
пијано и корепетиција
Средното образование го заврши во Државно музичко училиште – Битола, теоретски оддел, а дипломира на Универзитетот “ Св.Кирил и Методиј ”- Факултет за музичка уметност – Скопје, а потоа и дипломира пијано на Факултетот за музичка уметност во Штип. Настапува како корепетитор, како дел од училишните активности и надвор од нив и како професор по теоретски предмети и пијано.
корепетитор и наставник по пијано
Основно музичко образование заврши во класа пијано на наст. Василка Куновска, а средно музичко образование заврши во класа пијано на проф. Маргарита Татарчевска при ДМУ – Битола. Дипломира и магистрира на вокално инструменталниот отсек при ФМУ – Скопје во класа пијано на проф. м-р Евушка Елезовиќ
наставник по
пијано
Средно музичко училиште – Битола, инструментален отсек – Флејта; Факултет за музичка уметност – отсек – Музичка теорија и педагогија, Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје; Магистер по методика по предучилишно воспитување и одделенска настава, Универзитет Св. Климент Охридски, Педагошки факултет – Битола.
наставник по
пијано
Заврши средно музичко училиште во МБУЦ “Илија Николовски – Луј” во Скопје во класата на проф. Снежана Анастасова Чадиковска. Дипломира пијано во класата на проф. Јасминка Чакар а магистрира во класата на Проф. Тодор Светиев. Настапува како пијанист – солист, во повеќе камерни состави и оркестри и е добитник на повеќе награди.
наставник по
пијано
Средно музичко училиште завршува кај проф. Марга Татарчева. Образование го продолжува на ФМУ – Скопје каде дипломира пијано во класата на проф. Тодор Светиев. Постипломските студии по пијано ги завршува кај проф. Милица Шперович Рибарски. Учествувала на многу семинари кај реномирани пијанисти и педагози.
наставник по
пијано
Во 2000 год. дипломира, а во 2003 год. магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професор м-р Тодор Светиев. Настапувала на повеќе значајни манифестации во нашата земја.
Добитник е на повеќе државни и меѓународни награди.
наставник по
пијано
Завршува Средното музичко училиште во класата на проф. Маргарита Татарчевска. Подолг период работи под менторство на проф. Милица Шперович –Рибарски. Дипломира на одделот по пијано на ФМУ- Скопје во класата на проф. Стела Слејанска. Во текот на нејзиното образование настапувала на голем број концерти, семинари и натпревари.
наставник по пијано
Во Битола го започнува музичкото образование при Василка Куновска а потоа при Маргарита Татарчевска, во ДМУ – Битола. Дипломира и магистрира на ФМУ – Скопје во класата на проф. Тодор Светиев. Добитник е на бројни државни награди како солист и во камерни состави.
наставник по
пијано
Во 2002 год. дипломира, во 2005 год. магистрира во класата на проф. м-р Тодор Светиев, а во 2014 год. ги завршува и Докторските студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје под менторство на проф. м-р Тодор Светиев и проф. д-р Димитрије Бужаровски.
наставник
по пијано
Завршува основното музичко училиште во класа на проф. Соња Илиевска и средно музичко во класа на Проф. Билјана Димовска. 2010год. дипломира на ФМУ Скопје во класата на проф. Тодор Светиев, 2014 год. магистрира во класа на проф. д-р Марија Ѓошевска. 2016 год. завршува студии на Guildhall School of Music&Drama во Лондон.
наставник
по пијано
На 8-годишна возраст се запишува во ДМУ – Битола и завршува средно образование во класата на проф.Маргарита Татарчевска. Својата надоградба ја продолжува на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата м-р Тодор Светиев.
наставник по
пијано
Средно музичко училиште (отсек пијано) завршува во класата на професор Цветанка Јовевска. Образованието го продолжува на Факултетот за музички уметности – Скопје каде дипломира пијано во класата на проф. м-р Милица Шперович Рибарски.
наставник по
пијано
Доминика Робе Поповска е родена во Битола, 1994 година. Своето основно и средно музичко образование го завршила во ДМУ-Битола, во класата на проф. Маргарита Татарчевска. Дипломира на Факултетот за музичка уметност при УКИМ во класата на проф. др. Кристина Светиева како најдобар студент на генерацијата.
наставник по
пијано и корепетиција
средното образование го заврши во Државно музичко училиште – Битола, теоретски оддел, а дипломира на Универзитетот “ Св.Кирил и Методиј ”- Факултет за музичка уметност – Скопје. Настапува како корепетитор,на државни и меѓународни натпревари.
наставник по
пијано
Горан Србиновски е роден во 1997 година во Битола. Своето музичко образование го започнува од десетта година на приватни часови по пијано, а потоа се запишува во Државното музичко училиште – Битола на насоката музички теоретичар.
наставник по
пијано
Заврши ДМУ – Битола, инструментален отсек-пијано во класата на проф. Маргарита Татарчевска. Дипломира на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, отсек-пијано при проф. Лепша Пиперковска. Педагошката дејност ја започнува 1994 год во ДМУ-Битола.
наставник
по пијано
Своето музичко образование го започнала на четири години, по иницијатива на нејзиниот татко, познатиот битолски музички педагог и професор по флејта, Кирил Петков. Основно и средно музичко училиште завршила во класата на проф. Ана Стефановска.
наставник по
пијано
својата музичка наобразба ја започнува во Државното музичко училиште во Битола. Дипломира на ФМУ – Скопје во класата на проф. м-р Тодор Светиев, а од 2015 година остварува соработка со реномираната пијанистка Лилја Зилберштајн на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Виена.

Христина Лажовска
наставник по
пијано
…