Александар Грујовски

Наставник по гитара

Андреј Ѓоршевски е роден на 15.08.2000г. во Скопје. Завршува основно и
средно образование на отсек гитара во класа на проф. Ади Имери во
музичкото училиште ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“ – Скопје. Своето
образование го продолжува на „Факултетот за Музичка уметност“ – Скопје во класа на проф. Борче Наумоски.
За време на неговото образование, покрај знаењата од неговите професори, посетува и мастер часови кај бројни еминентни гитаристи како: Павел Штајдл (Германија), Тања Јанкова ( Македонија ), Милош Јањич ( Србија ), Зоран Анич (Србија), Томас Оферман (Германија), Дарко Багески (Македонија), Зоран Дукич ( Хрватска ), Горан Кривокапич ( Црна Гора ), Герхард Рајхенбах (Германија ) и многу други.
Низ годините учествува на бројни натпревари каде постигнува високи
резултати меѓу кои и лауреат во камерната музика на интернационалниот
натпревар Полихимнија во 2017г.
Има бројни настапи низ земјата, како и настап со Националната
Филхармонија на Македонија како еден од солистите на Факултетот за
музичка уметност – Скопје.