Александра Стојчевски

Наставник по пијано

Проф. Александра Стојчевски заврши во Државно музичко училиште – Битола на музичко-теоретскиот оддел. Дипломира 2005г. На Факултетот за музичка уметност во Скопје при Универзитетот “Кирил и Методиј” – отсек музичка теорија и педагогија.

Педагошката дејност ја започнува во 2013 г. во ДМУ – Битола, најпрво како професор по пијано, а исто така предава и музичко-теоретски предмети како Солфеж, Историја на музика, Познавање на музички инструменти и Подготовка за водење оркестар. Нејзини ученици имаат учествувано на државни натпревари и се добитници на награди. Има учествувано на повеќе семинари и обуки организирани од училиштето, како и од МОН.