М-р Ана Стефановска
Наставник по пијано
м-р Ана Стефановска (1973) е родена во Битола. Средно музичко училиште завршува кај проф. Марга Татарчева. Образование го продолжува на ФМУ – Скопје каде дипломира пијано во класата на проф.Тодор Светиев.
Постипломските студии по пијано ги завршува кај проф. Милица Шперович Рибарски. Во текот на школувањето активно учествувала на многу семинари кај реномирани пијанисти и педагози.Освоила многу награди во категориите соло пијано и камерна музика на државно и федерално ниво. Како соло изведувач и како дел од камерни состави учествувала на многу манифестации и фестивали: ,,Хераклејски вечери”, ,,Скопско лето”, ,,Денови на македонската музика”, ,,Интерфест” и др. Одржала голем број на солистички концерти низ државата: Штип, Кочани, Прилеп, Скопје, Битола. Настапувала како солист со Македонската филхармонија во Скопје.
Од 1995 работи како професор по пијано во ДМУ-Битола. Нејзините ученици се учесници на многу концерти и манифестации, добитници се на голем број државни и меѓународни награди.