Андријана Кочишки
Наставник по пијано
Проф. Андријана Кочишки родена 16.03.1991 во Битола. Завршува средно Музичко училиште – Битола, како музичар теоретичар. Дипломира при Факултетот за музичка уметност во Штип, на музичко – теоретската катедра со модул, Хорски диригент.
По завршувањето на студиите започнува со работа во детскиот хор Sвончиња – Битола, како корепетитор и асистент (2013 – 1017), потоа во о.м.у. Методи Патче – Охрид, како наставник по пијано (2014- 2015 и 2017), во Државно музичко училиште – Битола (2016 – 2017; 2018 – 2019; 2020), како наставник по: историја на музика, контрапункт, музички инструменти, фолклор, свирење хорски партитури, диригирање, хор, познавање на хорска литература, подготовка и пијано.
Bo 2014 беше дел од претставата “The opera house”, а во 2015 беше дел од тимот на “Maria de Buenos Aries” – танго опера која ја прв пат беше изведена во Македонија.
Исто така посетува семинари и обуки и остварува концерти со своите ученици.