Билјана Петровска Исијанин

Наставник по историја на уметност

Билјана Петровска Исијанин дипломира историја на уметност со археологија и магистрира студии на културата.

Во 1992 година ја основа уметничката група Елементи (од 2002 и Центар за современи јавни уметности Елементи) со која реализира голем број меѓународни изложби на концептуална уметност. Кураторка е и селектор на македонски уметници на изложби и фестивали во Македонија и странство,а се претставува и со свои дела во Италија, Холандија, Јапонија, Чешка, Велика Британија.

Како член на меѓународното здружение на ликовни критичари АИКА ја доби наградата за ликовна критика во 2017. Има објавено неколку книги и публикации за современа уметност.

Поголемиот дел од нејзините уметнички активности го истражува односот помеѓу единката и општеството во кое владее концентрацијата на моќ.

Го предава предметот историја на уметност.