М-р Елена Ѓоргиева

Наставник по пијано и уметнички соработник

Елена Ѓоргиева е родена во Битола каде го започнува музичкото образование при Василка Куновска а потоа при Маргарита Татарчевска, во ДМУ – Битола. Дипломира и магистрира на ФМУ – Скопје во класата на проф. Тодор Светиев.

Добитник е на бројни државни награди како солист и во камерни состави. Настапува на културни манифестации: ИНТЕР ФЕСТ, ДММ, БИТ ФЕСТ, ПРОЛЕТНИ МУЗИЧКИ ВЕЧЕРИ и т.н.
Учествувала на мајсторски школи кај врвните пијанисти: Арбо Валдма, Акилес Дел Вињ, Нелсон Дел Вињ Фабри, Чаи Чоу, Павел Егоров, Данг Таи Шон, Б.Романов и М.Кавкалеска.

Од 2002 работи како професор по пијано и уметнички соработник во ДМУ-Битола.

Во текот на 20 годишната педагошка работа со нејзините ученици има освоено бројни награди и учествува на концерти и натпревари меѓу кои Е.П.Т.А., ШОПЕНОВА ВЕЧЕР и др.

Наставата ја пренесува на македонски јазик, течно зборува англиски.

Редовно посетува семинари кај светски реномирани пијанисти.