Горан Србиновски

Наставник по пијано

Горан Србиновски е роден во 1997 година во Битола. Своето музичко образование го започнува од десетта година на приватни часови по пијано, а потоа се запишува во Државното музичко училиште – Битола на насоката музички теоретичар.

Во текот на средното образование изучуваше пијано кај професорката Стела Пецаковска и контрабас кај професорот Никола Баљари како облигатни инструменти. Во тој период на школување има освоено повеќе награди по солфеж, теорија на музиката, хармонија и пијано – облигат.

Во 2016 година започнува студии кај професорката д-р Милица Шкариќ на одделот пијано со модул камерна музика на Музичката Академија во Штип.

Во текот на студирањето учествува на мастеркласови и семинари кај професорите кои гостуваа на Музичката академија како: Winfried Hackl(Австрија), Анте Милиќ(Хрватска), Асами Сате(Јапонија), Александар Сердар(Србија) и други.

Настапувал на повеќе заеднички концерти организирани од страна на Академијата во градовите Штип, Велес, Кочани и други.

Во јули 2022 година настапува на два концерти во Битола и Прилеп во соработка со дипломираниот соло пеач Драган Најдоски.

Во 2023 година, заедно со пијанистот Даниел Петрески, реализираат проект од неколку концерти низ Македонија како дуо пијано поддржан од Министерството за култура на Република С. Македонија.

 Моментално е вработен како наставник по пијано во Државното музичко училиште во Битола и паралелно со тоа е запишан на магистерски студии на Музичката Академија во Штип во класа на професор д-р Милица Шкариќ.