М-р Јана Четелева Белевска

Наставник по пијано

Проф. м-р Јана Четелева Белевска го започна своето музичко образование во ДМУ – Битола, во класата на Маргарита Татарчевска. Дипломира на НМА”Панчо Владигеров”, Софија, во класата на Елена Дикова. Магистерските студии ги завршува со целосна стипендија во Америка во класата на Светозар Иванов каде и работеше како асистент по пијано.

Добитник е на бројни награди на државни и меѓународни натпревари: Државен натпревар – Скопје, Петар Коњович – Белград, Млади виртуози – Софија, Интерфест – Битола, Охридски бисери – Охрид, Клауд Кан – Париз. Две години ја посетуваше летната школа Моцартеум во Салзбург.

Четелева соработувала со врвни уметници како Т. Подубнаја, М.Крудели, А.Диев, А.Дел Вигн, П.Гилилов, А.Диков, Ј.Јермин, Р.Фишер, Р.Пинис, Џ.О’Конор и др.

На 16 годишна возраст настапи со Македонската Филхармонија, во 2008 настапи со Софиската Филхармонија.

Од 2009 до 2012 година активно учествуваше на концерти низ Америка, дел од серијата Steinway&Sons. Има настапувано низ Македонија, Бугарија, Австрија, Германија, Франција, Србија и САД.

Нејзините ученици се добитници на бројни награди.