Катарина Велковска

Наставник по наставно теоретски предмети

Проф. Катарина Велковска – професор по наставно теоретски предмети, своето основно и средно образование го заврши во Државното музичко училиште – Битола, отсек пијано во класата на Проф. Маргарита Татарчевска.

Високото образование го звршува на ФМУ – Скопје отсек теорија и педагогија.

Педагошката дејност ја започнува во ДМУ – Битола од 1985 – 1989 година како професор по пијано. Од 1989 – 1991 год. продолжува да работи во Музичкото училиште во Сежана Р.Словенија како професор по пијано и корепетитор.

Од 1993 – 1998 год. работи во Основното музичко училиште Методи Патче во Охрид како професор по пијано и корепетитор.

Во ДМУ – Битола продолжува да работи од 1998 година па се до денес на работно место професор по наставно теоретски предмети.

Учествувала на многу државни натпревари по предметот солфеж каде со своите ученици остварува многу специјални, први, втори и трети награди. Исто така била член на комисии на државните натпревари по предметот Солфеж.