
Кирил Мулоски
Наставник по удирачки инструмент
Кирил Мулоски своето музичко образование го започнува во основното музичко училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“ во Прилеп на отсекот хармоника, потоа се запишува во Државно музичко училиште – Битола, во класата по удирачки инструменти на проф. Зоран Ристевски, а подоцна и во класата на проф. Диана Трајковски.
Дипломира на Факултетот за музичка уметност – Скопје на вокално-инструменталниот оддел – удирачки инструменти во класата на м-р Мојца Седеу со највисока оцена десет (10). Во текот на образованието се стекнува со неколку први награди и една GRAND PRIX награда со камерниот ансамбл „Сонант“ на меѓународниот напревар Art Inn-Скопје.
Од 2013 до 2017 година е редовен член во симфонискиот оркестар на ФМУ-Скопје, исто така настапувал со оркестарот на НОБ и со Камерниот оркестар Битола.
Педагошката дејност ја започнува во 2020 година во ДМУ-Битола како професор по удирачки инструменти и прима виста. Постојано се усовршува со посета на семинари и обуки.