Марина Коруновска

Наставник по соло пеење

Марина Коруновска средното образование го завршува во Белград, Р. Србија во класата на проф. Људмила Грос. Дипломира во класата на проф. Ирена Брмбарова на НМА ”Панчо Владигеров” во Софија, Р.Бугарија. Како средношколец и студент е добитник на повеќе меѓународни награди. Има остварено главни улоги во опери, оперети и мјузикли; концертира во земјава и во странство.

Од 2007 год е вработена во ДМУ – Битола. Со своите ученици остварува многубројни концерти и проекти кои воедно се добитници на бројни државни и меѓународни награди.

Во досегашната работа остварува настава по соло пеење, вокална техника, прима виста и камерна музика. Постојано се усовршува со посета на семинари и обуки.

Ја извршуваше должноста В.Д Директор на ДМУ 2014-2015.